ПОЧЕТНА ........................................................ ЗА НАС LPR ITALY LPR RACING КОНТАКТ ГАЛЕРИЈА

a

Со неверојатната атрактивност, возбуда и фасцинантност, автомобилизмот како спорт прерасна во своевиден феномен ширум светот. Брзината, високите технологии и познатите брендови отсекогаш привлекувале огромен број гледачи правејќи од натпреварите вистински спектакл за секого. ЛПР - МАК е дел од тој спектакл повеќе од пет години. Спонзорирајќи неколку тркачки возила во македонските шампионати во автомобилизам успеавме успешно да го поврземе нашиот бренд и компанија со позитивниот имиџ кој произлегува од автомобилизмот градејќи препознатливост на брендот на нашите производи во Македонија.
Од спортски аспект, ЛПР - МАК успеа да го промовира еден од најдобрите таленти во македонскиот автомобилизам. Со подршката и генералното спонзорство на ЛПР - МАК, нашиот возач Игор Стефановски стана еден од најуспешните млади возачи во Македонија освојувајќи четири национални шампионски титули во последните три години, а тука е и возачот Дејан Стефановски кој има освоено една шампионска титула

 

 
 
 

 
WWW.LPRMAK.COM.MKLPRMAK © 2011