Lpr-Mak
Во 2005 година беше формирана мешовитата Македонско-Италијанска компанија LPR MAK, која со инвестиција на вкупна површина од 3200 метри квадратни, го изгради најголемиот центар за ваков вид производи на Балканот. Дистрибутивниот центар располага со магацин скроен според најсовремени стандарди, а во негов склоп ќе функционира и сервис во кој ќе се врши дијагностија на возилата ивградување на делови од LPR програмата во нив. Иако релативно млада, компанијата има развиено дистрибутивна мрежа низ Македонија, а тенденцијата е да стане регионален центар преку кој ќе се опслужуваат и пазарите од соседните земји.